Суплементи за потенција биле во фокусот на акцијата што ја спроведе полицијата заедно со Обвинителството со претреси на локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.
Во прашање не се лекови, туку додатоци и надрилекарства. Случајот е поврзан со претходна акција, која не е поврзана со ботокс, а сите заедно се поврзани со сузбивање на шверц и нелегална трговија на лекови и суплементи и други средства кои предолго време претпоставувам биле толерирани, а може да доведе до големи нескани последици, изјави вечерва министерот за здравство Сашо Клековски за телевизија Телма.
Посочува дека станува збор за нелегални суплементи кои не предизвикуваат само финансиски, туку и здравствени последици.
Во основа тоа се додатоци кои имаат тревки во различни комбинации кои се продаваат со различни својства, како поддршка на машкоста, подобрување на работа на еден, друг, трет орган кои не се регистрирани во земјава за таква намена и се комплетно надвор од законот, појаснува Клековски.
Во акцијата што од утрото ја спроведува полицијата приведени се најмалку шест лица.

