Доаѓа најавуваното освежување. Денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер.
Долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северопазаден правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во делови од Скопската котлина се најавува невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Сследува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.

