Јовица Радески е кандидатот за градоначалник на Брвеница на опозициската СДСМ.
Доаѓа од приватниот сектор, целиот свој работен стаж го има посветено на граѓаните, како ветеринар и како советник – посветен на луѓето и на својот крај. Чесен и вреден човек, кој секојдневно е меѓу граѓаните, во секое село и во секој дом во општина Брвеница. Како актуелен советник и носител на советничката листа на СДСМ, одблиску ги познава проблемите и потребите на граѓаните, велат од СДСМ.
Вчера и коалициските партнери во Владата (ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН) ги објавија имињата на нивните кандидати за градоначалник на Брвеница.
На 18 октомври во Брвеница ќе се одржат предвремени избори поради ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски.

