Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се следат уште неколку случаи поврзани со сомнежи за корупција во институциите. Без да открива детали, во изјава дадена денес Мицкоски вели дека се чека да го земат она што лицата во институциите го побарале од граѓаните.
Следиме уште неколку случаи на корупција во институциите и чекаме да го земат тоа што го побарале од граѓаните. Ги повикувам граѓаните да пријавуваат. Има пријави на неколку случаи во институции, изјави Мицкоски.
Изјавата на Мицкоски доаѓа откако во јавноста беше обелоденето дека помошник директор во Царина побарал мито од 17.500 евра за да ургира за вработување на пожарникар.

