Камерите на Министерството за внатрешни работи од денеска и официјално се пуштени во употреба и во Велес. За ден ипол регистрирани се околу 150 казни, најголем дел за брзо возење.
Само во текот на вчерашниот ден, за 24 часа, имаме констатирано околу 124 казни, а денеска досега околу 27, односно за ден и половина околу 150 казни на територијата на СВР Велес, што ги опфаќа Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел се за брзо возење, а три-четири казни се за поминување на црвено светло. Тоа е фрапантно подобрување на почитувањето на сообраќајните правила од страна на македонските граѓани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Основната цел на системот „Безбеден град“, според Тошковски, не е казнување и полнење на Буџетот, туку промена на сообраќајните навики и спасување човечки животи.
Досега, проектот Безбеден град е имплементиран во Скопје, Охрид, Тетово и Куманово.

