Шест кандидатски листи досега се пријавени за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница што ќе се одржат на 18 октомври. Рокот за поднесување кандидатски листи истекува на полноќ.
Од шесте кандидатски листи, четворица се од коалиции, а двајца од групи избирачи.
Кандидатот Јовица Радески е кандидат за градоначалник на Коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини кандидат на ВЛЕН, Стојанчо Радически кандидат на Коалицијата „Твоја Македонија“, Аркин Јахији кандидат на Национална алијанса за интеграција, Арифе Идризи кандидатка на група избирачки и Душан Богдановски кандидат на група избирачи.
Изборите за градоначалник на Брвеница ќе се одржат поради ненадејната смрт на градоначалникот Ивица Илиевски. на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина градоначалникот на оваа општина Јовица Илиевски.

