Анализирајќи ги престојните вонредни парламентарни избори во Србија, засега постојат две видливи можни сценарија. Првото е дека исходот веќе е познат благодарејќи на досегашната применета „алхемичарска“ способност на популистичкото вледеење на Александар Вучиќ да преку медиумите, службите, бугарски возови,босанските автобуси, притосоците и „Чаци силеџиите“ што се покажаа на минатите избори, си го „нареди“ резултатот, продолжувајќи да владее како премиер и второ сценарио доколу изборите бидат фер и коректни, што во регионот е малку можно, а со студентската листа изводливо, но само со подршка и притисок на демократска Европа и САД.
Одговорот на овие дилеми кај граѓаните на Србија според она што сега се случува во Србија се наоѓа на две места. Кај сеуште нејасниот став на Брисел и Вашингтон кон Вучиќ кој по изборите веќе ја има бланко подршката од Москва и Пекинг дури и по можните протести од изборните (не)резултати. Одговорот се наоѓа и во капацитетот на Студентската листа кои по Вучиќ според рејтингот се втора групација и профилирањето на нивните идни лидери што ќе ја предводат изборната кампања и постизборната власт. Дилема е дали интересите на Брисел-ЕУ и Вашингтон во Србија може да ги спроведат лицата што се наоѓаат на Студентската изборна листа т.е. лицата кои би ја спровеле идната власт во Србија или пак Вучиќ преку „топ шоп“ купување и продавање на српските стратешки ресурси.

Сите 250 имиња од изборната листа “Студентска листа-Студентите победуваат“ од тактички причини не беше објавена, но суштината во изминтиве две години на студентски протести, блокади, немири, апсења… е дека тие немаа профилирано лидери. Дали ова е тактички потег и стратегија или реалност засега е енигма, но е значајно за можните стратешки и бебедоносни процени на ЕУ и САД дали и на кого може да се ослонат во Србија доколку и ако ја дадат подршката на Студентите и кој ќе ги споведува нивните интереси?
Од досега познатите имиња, меѓу кои е ректорот на Белградскиот универзитет Владан Ѓокиќ, соопштени се имињата на 14 граѓани кои се преставени како основачи на“Студентска листа-Студентите победуваат“.
Србија или мафија?
Кога стана јасно дека институциите повеќе немаат волја или легитимитет да им служат на граѓаните, студентите решија да ја преземат одговорноста за иднината на оваа земја. Напишавме детална и сериозна социјална програма. Избравме професионални луѓе, порачаа студентите наведувајќи 14 лица, политички непознати, но признаени во своите професии. Меѓи нив се- Радомир Саичиќ од Хемискиот факултетот и член на Српската академија на науките и уметностите, Мирјана Николиќ, од Факултетот за драмски уметности во Белград, маркетиншки и медиумски експерт, Катарина Шќепановиќ потпретседател на Форумот на белградски средни училишта, Горан Перишиќ, вработен во РБ „Колубара“ од Лазаревац за кого медиумите пишуваа кога ја изгуби работата поради објава на социјалните мрежи, Миљан Салата белградски архитект и општествен активист кој беше приведен од полицијата кон средината на 2025 година, Сања Фриц, доцент на Градежниот факултет во Белград, и др. доктори, архитекти, работници, признати лица во своите професии.

На првиот изборен митинг кој на изнендаување на сите партии го организираа студентите, во Нови Сад, беа преставени 30 кандидати од изборната листа меѓу кои се-Немања Ѓуриќ, претседател на Сојузот на правосудните органи, актерот Тихомир Станиќ, Илија Срдановиќ, професор на Медицинскиот факултет во Нови Сад, социологот Јово Бакиќ, политиколог Адем Мавриќ и други.
Според кандидатите се воочува она што го ветија студентите. Тоа е дека ќе застанат зад лица признати во професиите, академски универзитестки експерти и политички некомпротирани граѓани, способни да ги бранат барањата на студентите.
А тоа се низа клучни реформи: Деполитизација и реформа на институциите. Комплетна лустрација.Отворање на сите тајни договори и истрага за корупција од големите државни инфраструктурни проекти. Формирање специјални обвинителствa. Итна деполитизација на РТС и враќање на професионалните стандарди во информирањето. Одземање или преиспитување на националните фреквенции за медиумите кои ширеа пропаганда и говор на омраза.
Обнова во образованието и науката и заштита на автономијата на универзитетите. Ослободување и рехабилитација на сите студенти, професори и граѓаните кои беа процесуирани за време на протестите.
Технократска / Преодна управувачка структура: Формирање влада од стручњаци и професионалци (наместо задоволување на партиски апетити) која ќе има за цел да постави здрави темели за функционирање на државата и да организира целосно фер и демократски изборен систем за во иднина (една година).
Ова последното можеби е добитна кобинација за победа и можната подршка од ЕУ и САД оти ветува мирно спроведување на нивните интереси, регионална стабилност и безбедоносни гаранции. „Топ шоп“ трговијата со ресурсите во овој случај ќе почека.

Останува упитно второто сценарио на „изборна победа“ на Вучиќ и Шешељ кои одат во изборна коалиција, (Дачиќ настапува сам и најави коалиција по „изборната победа“) особено по државните почести за погребот на воениот злосторник Ратко Младиќ, медиумската хистерија дека е херој и руската подрша т.е српското „умилкување“ на Москва. Еврокомесарката Каја Калас ја откажа посетата на Србија, имаше вербални критики, упитна е посетата на Урсула фон дер Лајен на Србија.
Останува по или пред „изборната победа“ можноста на Вучиќ со „Топ шоп“ распродаја на ресурсите кон Германија, Италија и другите ЕУ членки, оти со Макрон веќе направи дилови од Мистрал ракетите, авионите Рафал до Аеродромот Никола Тесла. Од големите ресурси за продажба останаа Електродистрибуциајта и Литиумските и други стратешки наоѓалишта. Се шпекулира дека е подготвен да направи и „меки остапки“ кон руското влијание, преку делумно ограничување на работата на „Спутник“ до засилување на продажбате на оружје на Украина или испораката на Радоичиќ и Веселиновиќ, актери од “пресметката„ во Бањска во Косово. Седењето на 4 столчиња, барем за ЕУ и САД сеуште е несигурно .
Да дојдеме и до опозицијата. Од ноември 2024 година до денес, опозицијата не успеа да се обедини и да смисли како да ја реши оваа политичка криза. Тие не можеа ниту да се договорат, ниту да постигнат заедничко решение. Останаа да се преправаат дека се опозиција, со засилена реторика во собранието, да добиваат пари и со своето постоење да му дадат легитимитет на Вучиќ. И додека траеше тоа, студентите направија сè она што опозицијата мораше да направи. Побараа избори, одеа меѓу народот, разговараа со луѓето, организираа протести и ја мобилизираа цела Србија. А опозицијата? Ништо. И сега, кога изборите конечно беа распишани, Драган Ѓилас (ССП) Здравко Понош (Срце), Мирослав Алексиќ (НПС), Александар Јовановиќ Чута (Екологистите), Милош Јовановиќ (Нова ДСС), Бранимир Несторовиќ решија да не ги подржат студентите и да одат со свои изборни листи. Опозицијата отиде дотаму да наместо со една оди со 4 и повеќе листи, проевропските партии одат со две листи што севкупно оди во прилог на Вучиќ.
Долгите колони на граѓани, илјадници луѓе кои со часови чекаа да го дадат својот потпис за „Студентската листа“ укажува на можниот исход на горе наведените опозициони партии, како и пораките на социјалните мрежи дека се издадени од наведените партии, и да секој глас за таквата опозиција е глас против Студентската листа.
Дека опозицијата ќе се бори за цензус за политички да преживее говори податокот да поголем број на други опозициски парти ја подржаа Студентската листа, како што се-Демократската партија (ДС) на Срѓан Миливојевиќ, Крени-Промени, Зелено-левиот фронт (ЗЛФ), Движењето на слободни граѓани (ДСГ), Двери, Социјалдемократската партија (СДС) на поранешниот претседател Тадиќ, Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ) на Чанак, Движењето за децентрализација на Србија (ПОДЕС), Движењето за обнова на Кралството Србија, Доста е, иницијативата ПроГлас, Движењето – Љубов, Вера, Надеж; Локален фронт, Црногорската партија и бројни други помали партии и движења.
Сето ова говори дека изборната битка се води меѓу Вучиќ и Студентската листа со непознаница за она што наголемо се говори во Србија-Колку нестабилно ќе биде по 25 октомври и кому ЕУ и САД ќе ја дадат подршката. И ќе има ли повторно избори? И под кои услови?
Што се однесува до Македонија и изборите, тие веќе имаат влијание, со доделувањето српски државјанства условени со гласање, гласините за организирање на „македонски автобуси“ и прелевање на нестабилноста, што нема да биде прв пат.
Б.

