Регулаторната комисија за енергетика ја донесе денешната одлука – бензините поскапуваат за 3,5 денари, а дизелот поевтинува за 2 денари.
Со тоа, цената не бензините ќе надмине 100 денари за литар, а за денар пониска ќе биде цената на дизелот.
Изразено во бројки тоа би значело – Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 100,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 102,5 денари за литар, а дизелот по цена од 99 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за
4,50 ден/литар што значи дека од полноќ ќе се продава по цена од 109,5 ден/лит.
Се зголемува и цената на мазутот кој од полноќ ќе се продава по цена од 48,243 ден/кг.
Владата вчера на седница донесе одлука да се намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти и тоа, според РКЕ, е вкалкулирано во цената.

