Првообвинетиот во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс Дејан Јованов – Деко на почетокот на октомври ќе излезе од притвор, а неговата адвокатка Ивана Коцевска смета дека гаранцијата во имот ќе биде доволна за да продолжи целиот судски процес.
Коцевска вели дека не негираат дека Јованов има одговорност, но не онаква каква што е срочена во обвинението.
Притворот по сила на законот, не може да продолжи-одбраната не е виновна за тоа, така предвидува законот. Гаранцијата сметам дека ќе биде доволна за да можеме понатаму, да го истераме целиот судски процес. Ние не ја негираме одговорноста што постои кај Дејан Јованов. Кај него де факто постои одговорност, но не на начин на којшто тоа е срочено во обвинението. Ггарантираме дека ќе биде достапен и бараме да се дозволи да се почитува правото и на фер начин да се утврди негова одговорност, изјави Коцевска.
Родителите на загинатите, кои секое судско рочиште се присутни во судница, бараат правда за нивните деца.
Ние веќе 40-то рочиште следиме во оваа судница. По шест часа упорно следиме се. Веруваме во Обвинителството и Судот, имаме доверба во нив. Не смееме постапката да ја одолговлекуваме. Нашите деца заслужуваат правдата да излезе на виделина, бидејќи цело Кочани е зваиено во црно, изјави Александар Наунов, еден од родителите.
Од Здружението „16 Март“ најавуваат нов марш на ангелите во среда во Кочани.

