Во Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска вечерва ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“ на кој ќе настапат студентите од класите по соло пеење и од Вокалното студио на Чадловска.
Како концерт гости ќе настапат професорите на студентите по соло пеење проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова и доц. м-р Иван Наумовски.
Концертот се одржува во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје.

