Антикорупциската комисија отвара предмет за начинот на кој е финансирана прославата за 35 години независност. Предметот е отворен на иницијатива на Антокорупциската комисија.
Финансирањето на прославата е тема во јавноста веќе неколку дена. Владата под притисок на јавноста соопшти дека се потрошени 5,5 милиони евра, а опозицијата веќе неколку дена бара да се испита организирањето на прославата бидејќи како што тврдат, постојат контадикторности.
Антикорупциската комисија ќе го испитува и прашањето за членството во надворешната комисија која ја извршила евалуацијата на програмата за настаните. која на стотина страници била доставена од фирмата „Стардаст“ која ги доби средствата за организирање на настаните, вклучително и за концерот на Давид Гета. Претседател на Комисијата која ја извршила евалуацијата бил Николче Мицевски, кој подоцна се јавува и како автор на оркестрациите на Хосе Карерас, кој беше дел од програмата.
По утврдување на фактичката состојба, ДКСК ќе донесе одлука на јавна седница.

