Царинската управа ќе добие систем за телесни камери како донација обезбедена преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP) во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД.
Примопредавањето е закажано за рано утрово во 08:50 часот на граничниот премин Табановце каде ќе се обратат директорот на Царината Бобан Николовски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и амбасадорката на САД, Никол Варнс.

