Во сабота на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена една од најпознатите балетски приказни „Шехерзада“ со магичната музика на Николај Римски-Корсаков.
Испирирана од легендите на „Илјада и една ноќ“, претставата ќе го долови раскошот на ориенталниот свет. Страст, љубов, љубомора и мистерија ќе се испреплетуваат во балет исполнет со драматични пресврти и впечатливи кореографски слики.

Билетите се во продажба, а почетокот на претставата е закажан во 20 часот.

