Струга од денес до недела ќе биде местото каде радиолошки техничари, медицински физичари и реновмирани професори ќе дебатираат за најновите достигнувања во областа на дијагностичката радиологија, радиотерапијата, нуклеарната медицина, интервентната радиологија како и радијационата заштита.
Конгресот претставува единствена можност за размена на стручни знаења и искуства, научни и стручни предавања, презентација на современи технологии и иновации и професионално вмрежување и соработка, велат од Здружението на радиолошки технолози на Македонија.

