Во Едукативниот центар на Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи крводарителска акција во соработка со Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Карпош.
Акцијата ќе се одвива во периодот од 11 до 18 часот, а целта е да се поттикне хуманоста и солидарноста меѓу граѓаните и да се даде придонес во обезбедувањето на потребните резерви на крв.
Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во ЗОО Скопје и заедно да испратиме силна порака на хуманост, солидарност и грижа за другите. За тебе е малку време, за некого е цел еден живот, порачуваат од ЗОО Скопје.

