Иранските валсти најавија започнување на операцијата „Џанфада“, што во превод занчаи „оние кои ги жртвуваат своите животи за Иран“, и ги повикуваа Иранците масовно да ѝ се приклучат.
Kомандантот на гарнизонот на Корпусот на Иранската револуционерна гарда во Техеран, бригадниот генерал Хасан Хасанзадех за државните медиуми изјави дека повеќе од 600.000 лица веќе се пријавиле за учество во операцијата, како и дека се очекува обука за употреба на автоматско оружје да поминат повеќе од еден милион Иранци.
Според најавите, овие нови регрути ќе бидат вклучено во волонтерскиот огранок на Гардата, единицата „Басиџ“.
„Новите регрути ќе создадат кошмар за непријателите на Иран“, порача командантот на „Басиџ“, Хосеин Таеб.
ЕУ најави зголемено ниво на подготвеност на операцијата „Аспида“
Во меѓувреме, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, соопшти дека поморската операција на Унијата, „Аспида“ го подигнала нивото на подготвеност на нејзините бродови по нападите на Хутите врз Саудиска Арабија.
Ваквата најава Калас ја даде по разговорите со саудискиот министер за надворешни работи, Фајсал бин Фархан ал-Сауд, посветени на „дипломатските напори за прекин на борбите во Јемен и враќање на слободната пловидба во Ормуцкиот Теснец“.
Во мешу време, Италија најави дека ќе испрати свои воени бродови во реонот на теснецот Баб ел-Мандеб за да овзможи безбедно минување на своите комерцијални бродови низ протокот што ги поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и Индискиот Океан.

