Иран му пренесе седум услови на Вашингтон за почеток на преговори за ставање крај на конфликтот, изјави Мохсен Резаеи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност.
„Доколку САД сакаат да излезат од тешката ситуација што самите ја создадоа, мора да ги прифатат правата и условите на Иран“, рече Резаеи, како што пренесе „Галф њуз“ (Gulf News).
Резаеи наведе три од седумте барања поднесени за ставање крај на конфликтот, вклучувајќи го прекинот на борбите „на сите фронтови“, одмрзнувањето на иранските средства и укинувањето на американската поморска блокада.
Тој додаде дека Катар ги пренел условите на Иран до Вашингтон и дека Техеран очекува одговор од американскиот претседател Доналд Трамп.
Во четвртокот, Трамп за порталот „Аксиос“ (Axios) изјави дека се соочува со „важна одлука“ во врска со тоа дали да започне уште еден голем напад, и истакна дека Иран останал во контакт со Вашингтон и сака договор.
Се очекува Трамп следната недела во Њујорк да разговара за конфликтот со Иран со лидерите на земјите од Персискиот Залив.
Show more
Резаеи: Иран му пренесе седум услови на САД за почеток на преговори за ставање крај на конфликтот

