Екстремно десничарскат Алтернатива за Германија (АФД) има има мала предност пред Социјалдемократската партија на Германија (SPD) во германската сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин во убедливо водство е екстремно левичарката Левица (ДЛ), покажуваат резултати од излезните анкети од изборите.
Во Мекленбург-Западна Померанија, се очекува АФД на Лајф-Ерик Холм да освои околу 37 отсто од гласовите, а СПД на Мануела Швезиг 35,5 проценти.
По убедливата победа на АФД во Саксонија-Анхалт, каде беше близу да освојување апсолутно мнозинство во покраинскиот Парламент, сега партијата е пред победа во уште една источногерманска покраина, удвојувајќи го својот изборен резултат во однод на изборите во 2021 година.
Во исто време, ваквите резултати претставува и значајно враќање на позицијата на социјалдемократите во оваа покраина.

Според проекциите, Левицата освоила 7,5 отсто од гласовите, Зелените 5,5 проценти, а околу изборниот праг од пет отсто потребен за влез во покраинскиот Парламент, е и Алијансата на Зара Вагенкнехт – Разум и правда (БСВ).
Најголем губитник во Мекленбург-Западна Померанија е Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој се проценува дека ќе освои 5,5 проценти, што е убедливо најлошиот резултат на партијата на кои било избори по Втората светска војна.
Во исто време, во Берлин партијата Левица се очекува да освои 26 отсто од гласовите, со што го удвојува својот резултат од 12,2 проценти постигнат на изборите во 2023 година.
ЦДУ се очекува да освои 20 отсто, пред Зелените со 15,5, АФД со 13,5 и СДП со 12 проценти од гласовите. БСВ и во Берлин е околу прагот од пет отсто.

Заедно, трите левичарски партии – Левицата, Зелените и СДП, се на пат да обезбедат мнозинство во Парламентот во Берлин, со што се отвора можност за враќање на левицата на власт во германскиот главен град.
Досега на власт во Берлин беше ЦДУ, која на изборите пред три години извојува изненадувачка победа, како резулатат на незадоволството на граѓаните од политиките на тогаш владејачките Зелени и општиот револт поради состојбата во градот.

