Силна експлозија одекна денеска во близина на јужнокрејската граница со Северна Кореја, при што се повредени тројца јужнокорејски офицери, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја.
Во соопштението се посочува дека експлозијата се случила за време на „операција во демилитаризираната зона“, гранично тампон подрачје долж границата меѓу двете земји.
Министерството посочува и дека причината за експлозијата засега не е позната.
Во Јужна Кореја расте загриженоста за зголемената активност на севернокорејските војници во близина на линијата за демаркација, откако Пјонгјанг ја зајакна граничната одбрана поради долготрајните тензии меѓу двете земји.

