„Водовод и канализација“ информира дека денес од 08:30 часот без вода ќе бидат дел од корисниците во општина Гази Баба.
Станува збор за промена на вентил на шахта на улицата „Јани Лукровски 14/1“ во населбата Автокоманда поради што без вода ќе бидат корисниците од истата улица.

