Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф .
Ова го откри Ројтерс. Агенцијата цитираше два извори кои побараа анонимност.
Средбата се одржала овој понеделник на аеродромот во ирскиот град Шенон, изјави еден од изворите.
Според другиот извор, Зеленски и Ратклиф разговарале додека нивните авиони се полнеле со гориво.
Деталите од средбата секако не се објавуваат.
На 25 август, Ратклиф ја посети Москва и се сретна со шефот на Службата за надворешно разузнавање (СВР), Сергеј Наришкин.
Раководителот на СВР ги дефинираше овие контакти како вообичаен работен формат.
Според Наришкин, тие разговарале за прашања што спаѓаат во надлежност на специјалните служби.

