„Трамп ТВ веќе емитува во живо“, објави Белата куќа на социјалните мрежи, најавувајќи го лансирањето на својот сопствен информативен канал „Трамп ТВ“.
Најавата за старт на „Трамп ТВ“ следи откако вчера телевизиските мрежи Си-Би-Ес, Еј-Би-Си, Ен-Би-Си и Фокс соопштија во знак на солидарност со телевизијата Cи-Ен-Ен повеќе нема да известуваат за активностите на претседателот САД, Доналд Трамп. Солидарноста се однесува на одлуката на Трамп од петокот недела да им го ускрати пристапот до Белата куќа на новинарите од Си-Ен-Ен, Ем-Ес Нау (Ем-Ес-Ен-Би-Си) и Политико, обвинувајќи ги дека „постојано шират лажни вести“.
Cи-Ен-Ен, Си-Би-Ес, Еј-Би-Си, Ен-Би-Си и Фокс заедно го сочинува т.н. „претседателски телевизиски пул“, во чии рамки наизменично известуваа за активностите на американскиот претседател, но со одлуката за бојкот на Трамп пултот практично престана да постои.
Новата „Трамп ТВ“, според најавата од Белата куќа, 24 часа дневно, седум дена во неделата ќе емитува „најдобри моменти од минатото, соопштенија и најнови и најважни информации од администрацијата – сè на едно место“.
Преносите во живо ќе се емитуваат преку каналот на Белата куќа на Јутјуб, а телевизијата може да се следи и преку делот „Во живо“ (Live) на апликацијата на Белата куќа.
Утрово на „Трамп ТВ“ беше емитуван говор на Трамп од пред неколку месеци, а преносот во живо го следеа околу илјада луѓе.

