Во знак на солидарност со телевизијата Cи-Ен-Ен, четири големи американски информативни мрежи соопштија дека повеќе нема да известуваат за активностите на претседателот САД, Доналд Трамп.
Станува збор за телевизиските мрежи Си-Би-Ес, Еј-Би-Си, Ен-Би-Си и Фокс, кои заедно со Си-Ен-Ен, вообичаено го сочинуваат т.н. „претседателски телевизиски пул“, при што наизменично известуваат за активностите на американскиот претседател.
Но, по одлуката на Трамп од минатата недела да им го ускрати пристапот до Белата куќа на новинарите од Си-Ен-Ен, Ем-Ес Нау (Ем-Ес-Ен-Би-Си) и Политико, од денеска „претседателскиот телевизиски пул“ престанува да постои.
„Од денеска телевизискиот пул повеќе нема да известува за настани на кои присуствува претседателот, а кои спаѓаат во надлежност на пулот“, изјави Брајан Боутон од Фокс.
Трамп денеска патува од Вашингтон за Њујорк за да учествува на заседанието на Генералното собрание на ОН. Според воспоставениот ред, за активностите на претседателот во Њујорк требаше да известува Си-Ен-Ен, но откако на медиумската екипа на телевизијата ѝ беше ускратен пристапот до Белата куќа, другите четири мрежи од пулот одбија да ја преземат таа улога.
Американскиот претседател повеќе не им се дозволува пристап до Белата куќа на новинарите од Си-Ен-Ем, Ем-Ес Нау и Политико, затоа што тие, според него, „постојано шират лажни вести“.
Претходно денеска, трите медиуми соопштија дека поднесуваат тужбата пред Федералниот суд во Вашингтон против одлуката на Трамп.

