Хеликопер со кој патувале четири лица, меѓу кои и познатиот бразилски пејач Рик и бизнисменот Бруно Авелар, исчезна во регионот Урубиси во југоисточен Бразил, објави денеска локалната полиција.
Потрагата, во која се вклучени и хеликоптери, е организирана според последната позната локација каде што е регистриран сигналот на мобилниот телефон на еден од членовите на екипажот.
Во хеликоптерот, што полета од Порто Бело кон Сао Паоло, покрај пејачот Рик, чие вистинско име е Џералдо Антонио де Карваљо, и бизнисменот Авелар, се наоѓале и снимателот Пауло Соарес и пилотот, чие име не е објавено.
Латалото исчезнало над планински регион во државата Санта Катарина.
На социјалните мрежи циркулира видео на кое наводно се гледа хеликоптерот во кој се наоѓаат 59-годишниот Рик и другите патници, но автентичноста на снимката засега не е потврдена.

