Центарот за управување со кризи излезе со информација за пожарот кај Железара. Гори магацин за бои и лакови на булеварот „Александар Македонски“ бр.67.
На терен интервенираат 20 пожарникари со шест противпожарни возила. Пожарот е пријавен околу 17 часот.
Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување, пожарот е веќе изгаснат.

