Потпретседателката на САД, Камала Харис, изјави дека сè уште не одлучила дали ќе се кандидира за претседател на САД во 2028 година, но нагласи дека претстојните конгресни меѓуизбори во 2026 година во моментов се приоритет.
„Не сум одлучила дали повторно ќе се кандидирам“, рече Харис за време на дискусијата со претставници на Националното здружение за унапредување на обоените луѓе (NAACP) во Детроит, пренесува „Фокс њуз“.
Харис го сврте вниманието кон претстојните меѓуизбори, наведувајќи дека изборите во 2028 година „нема да бидат важни ако не ги поминеме оние во 2026 година“.
Таа истакна дека во моментов патува низ САД за да ги охрабри граѓаните да излезат на гласање и да ги потсети на важноста на нивниот глас.
За време на посетата на Детроит, Харис учествуваше и на тркалезна маса со Абдул Ел-Сајед, демократскиот кандидат за Сенатот од Мичиген, каде што зборуваше за здравјето на црните жени за време на бременоста и за трошоците за здравствена заштита.
Притоа, таа ги критикуваше политиките за здравствена заштита на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и ја изрази својата поддршка за Ел-Сајед.
Харис стана демократски кандидат за претседател на САД на изборите во 2024 година, откако тогашниот претседател Џо Бајден се повлече од трката за втор мандат.
Kamala Haris: Sè ušte ne sum odlučila dali povtorno ḱe se kandid
Камала Харис: Сè уште не сум одлучила дали повторно ќе се кандидирам; приоритет се меѓуизборите

