Иран е жртва на тероризмот, но ние Иранците никогаш нема наведнеме главите или да клекнеме пред насилниците, порача иранскиот претседател иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во денешното обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
„Ние сме жртви на тероризмот“, нагласи Пезешкијан, како одговор тврдење на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран е „терористичка земја“.
На оваа изјава на Пезешкијан, Трамп ја напушти салата на Генералното собрание.
Пезешкијан упати остри критики на сметка на САД и Израел, поради нападите врз неговата земја, при тоа покажувајќи фотографии од децата во училиштето во Иран, кое беше бомбардирано од американските сили на првиот ден од конфликтот кон крајот на февруари годинава.
Иранскиот претседател нагласи дека децата се „невини“, исто како и научниците, мажите, жените и сите други кои беа убиени за време на американско-израелските напади врз Иран.
Сепак, Пезескијан нагласи дека неговата земја останува отворена за преговори со САД и дека не може да се постигне мир на бојното поле. Тој, исто така, потенцира и дека на Иран му е потребна „нуклеарна енергија, а не нуклеарна бомба“.
Пезешкијан во обраќањето неколку пати по име го спомна Трамп, велејќи дека американскиот претседател „не го разбира Иран“.
Во обраќањето иранскиот претеседател упати и предупредување до САД и „другите земји кои го напаѓаат Иран“.
„Никогаш нема да ги наведнеме главите или да клекнеме пред насилниците. Трамп и сите што сакаат да не малтретираат мора да сфатат дека сме отворени за дијалог и дипломатија, но без прифаќање на јазикот на силата, заклучи Пезешкијан.

