Дел од учениците од основното училиште „Киро Глигоров“ се уште не следат настава со физичко присуство, а пратениците и министрите денеска меѓусебно си се докажуваа кој е во право.
Пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска побара одговор од министерката за образование и наука Весна Јаневска кога учениците ќе следат настава со физичко присуство, а министерката ја префрли топката за доцнењето во администрацијата на Општина Центар.
Лукаревска се повика на изјавата на министерката од пред 13 дена кога министерката рекла дека за една недела ќе почнат учениците да следат настава со физичко присуство, но дека до денес тоа не е реализирано.
Јаневска вети дека од понеделник учениците ќе тргнат на настава со физичко присуство. За доцнењето вели проблемот бил во Општина Центар која два месеца го држела проектот.
Проектот во архивата во Општина Центар е предаден на 18 мај. Цел месец молевме да го закачат на систем, а не постапуваат 40 дена. Одобрението е добиено на 28 јули. Преку приватни конакти баравме ургенции, поминавме 40 дена во администрација, иако бевме подготвени, рече Јаневска.

