Русија е подготвена за разговори за постигнување траен мир во Украина, но нема да ја прекине воената операција за време на какви било преговори, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.
Лаворв потенцира дела Москва е подготвена да постигне долгорочен и одржлив мировен договор што би го прекинал конфликтот.
„Русија, а претседателот Владимир Путин постојано го потврдува ова, е подготвена за преговори со цел да се постигне токму таков одржлив и праведен мир“, рече Лавров.
Тој нагласи дека Русија нема да се согласи на прекин на борбените операции за време на таквите преговори, наведувајќи дека оваа позиција е резултат на претходните искуства.
„Поучени од горчливото искуство, нема да ја паузираме специјалната воена операција за време на преговорите во кој било формат“, рече рускиот министер.
Критика кон Европа
Лавров оцени и дека некои европски земји се залагаат за прекин на конфликтот со цел да ѝ се даде време на Украина да ги обнови своите воени капацитети.

Зборувајќи за причините за војната, Лавров го повтори ставот на Москва дека Украина можела да ги зачува своите граници од 1991 година, доколку европските земји не ги прекршеле претходно постигнатите договори.
Според него, Франција, Германија и Полска не обезбедиле спроведување на договорот постигнат за време на политичката криза во Украина во 2014 година, што, како што рече, придонело за последователната ескалација на конфликтот.
Лавров ја критикуваше и Европската Унија за континуираната политичка, финансиска и воена поддршка за Украина, оценувајќи дека таквата политика не придонесува за постигнување траен мир.
Рускиот јазик е еден од условите за решавање на кризата
Лавров изјави дека Москва верува оти едно од клучните прашања во идното решавање на украинската криза е „заштитата на правата на руското население и слободната употреба на рускиот јазик“.
Како што рече, Русија инсистира на почитување на правата на луѓето кои зборуваат руски не само на териториите под руска контрола, туку и низ цела Украина.

