Двесте и два литри небезбеден сладолед и мраз се запленети од Агенцијата за храна и ветеринарство во контролите што биле спроведени од почетокот на јули до крајот на август. Агенцијата денеска соопшти дека 17 оператори не биле регистрирани како оператори со храна, 64 немале направено анализи на сладолед/мраз, кај 20 е утврдено несоодветно означување на производите, а тројца набавувале мраз од нерегистриран добавувач.
Биле спроведени вкупно 560 контроли за што се издадени 140 решенија за нерегуларности. Изречени се и 45 парични казни во вкупна вреднсот од 19 430 евра во денарска проиввредност.
Со контролите затекнати биле и вработени лица кај 10 оператори кои немале спроведени задолжителни здравствени прегледи. Незадоволителни хигиенски и технички услови утврдени биле кај 5 од контролираните објекти, а 19 оператори немале воспоставени процедури на Добра производствена и Добра хигиенска пракса, како и процедури за чистење на ледоматите.
Незадоволителни технички и хигиенски услови имало во 5 објекти, а записи за следливост немале 4 од операторите. Кај еден оператор утврдено било дека нема спроведено задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

