Американскиот претседател Доналд Трамп конечно ѝ даде дозвола на Украина сама да произведува ракети за своите системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според украински извори, САД и Украина веќе извесно време преговарале за оваа прашање, но Трамп дури сега конечно го одобрил производството.
Објавата на Зеленски следува по неговата средба на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк пред два дена, па се претпоставува дека дозволата била одобрена тогаш.

Украина веќе неколку месеци повторува декаитно ѝ се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана, а особено ракети „Патриот“, кои се единствено способни да ги соборат руските балистички ракети. Русија сè почесто ги користи овие ракети за напади во Украина, што резултира со огромни штети и зголемен број загинати и ранети.
Сепак, фактот што Украина сега може сама да ги произведува системите „Патриот“, нема да донесе значајни промени на кус рок, имајќи пред вид дека, според проценките на Зеленски, ќе бидат потребни „од една до една и пол година за да се воспостават производните линии“ за изработка на ракетите.
Тоа, пак, значи дека во следните месеци и Украина и натаму ќе останува зависна од странските испораки на ракети.

