Првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М. кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик е уапсен на Косово, објави телевизија „Алсат“.
Како што објави Алсат, Рами Кучи бил уапсен од косовската полиција, додека по вториот осомничен сè уште се трага.
Убиството се случи кога беше пукано во група од неколкумина при што од здобиените повреди почина 26-годишниот А.М. а уште неколкумина беа повредени.

