Русија беше подготвена да ги продолжи преговорите со Украина по парламентарните избори во Русија, но Украина се обиде да изврши напади врз Москва и целеше кон избирачките места, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин.
Според Путин, Киев се обидел да изврши силен напад врз Москва во текот на ноќта меѓу 19 и 20 септември – главниот ден на гласањето на парламентарните избори – пренесува руски „Спутник“.
„Повеќе од 1.600 беспилотни летала навлегоа во зоната практично во рамките на Москва“, истакна рускиот претседател.
Тој додаде дека украинските сили извршиле напади врз цивилни цели, како што се магацините на компаниите „Вилдберис“ (Wildberries) и „Озон“ (Ozon), што предизвикало одмазднички акции од страна на руската војска.
„Дејствата на руските сили беа толку значајни и деструктивни за непријателот, што тие сега активно го покренуваат прашањето за прекин на огнот на неколку фронта. Тие самите спомнаа прекин на огнот во однос на енергетските објекти – конкретно, дека се подготвени да престанат со нападите врз нашите рафинерии за нафта“, рече Путин.
Тој оцени дека Украина нема начин да им се спротивстави на руските беспилотни летала „Геран“.
Според него, Украина оштетила повеќе од 100 пловни објекти во Црното Море за време на овие напади – како руски бродови, така и оние што пловат под странски знамиња.
Путин: Бевме подготвени за преговори со Украина, но тие се обидоа да извршат напад врз Москва

