Левица ќе присуствува на јавната трибина на Платформата „12:05“ – Што по 35 години“ посветена на политичкиот систем, наследството од изминатите три и пол децении и прашањето што следува понатаму.
На трибината, како што информира партијата, ќе присуствува Амар Мециновиќ.
Сметаме дека како опозициска партија имаме одговорност и за нас како Левица времето е созреано да разговараме со различни опозициски елементи во општеството и да видиме дали може да се изгради заеднички јазик околу прашањата што денес се суштински за државата, сметајќи дека сега е време да се направи рез, изјави Мециновиќ.
Тој истакна дека разговорите за иднината на државата не можат да се сведат само на изминатите 35 години, туку мора да се отвори прашањето каква држава ќе имаат следните генерации.
Од „Левица“ велат дека ова се дел од разговорите што партијата ги води и ќе продолжи да ги води со различни опозициски и општествени чинители, од позиција на сопствен политички интегритет и стекнат легитимитет.

