Аеродромот „Фонтанароса“ во Катанија на италијанскиот остров Сицилија е затворен за соопбраќај најмалку до утре напладне, поради нова ерупција на вулканот Етна.
Вулканот, што се наоѓа на околу 50 километри северно од аеродромот, исфрла голем облак од пепел кој претставува проблем за одвивањето на воздушниот сообраќај.
Сите летови кон„Фонтанароса“, кој е четврти по промет во Италија, се пренасочен кон аеродромот во Палермо, кој се наоѓа на над 200 километри западно од Катанија.
Вулканот Етна е особено активен во последните месеци. Во јули и август веќе имаше силни ерупции од лава од кратерот „Вораџине“, кој е највисоката точка на Етна.

