Александар Вучиќ денес поднесува оставка од функцијата претседател на Србија. Тој објави дека влегува во предизборната кампања како носител на листата „Единствена Србија“, која ја сочинуваат Српската напредна партија и партнерите, со цел по изборите повторно да ја преземе премиерската функција, објавува Нова.рс.
Тој вече со месеци прави драма од тоа дека си оди, дава оставка,ама народот не го пушта. Сите просрпски режимски медиуми на секои 5 минути објавуваат во која минута би била дадена оставката на вождот.
Тој последносвојата одлука ја најави од Њујорк, каде што присуствуваше на 81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој официјално ќе поднесува оставка вечерва, а вчера се збогуваше со песната „А сад Адио“ со вработените во Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.

Последни должности во претседателската канцеларија
Пред официјално да поднесе оставка, Вучиќ демек неуморно работи па денес, во улога на претседател, ги прими членовите на српската боксерска репрезентација, освојувачи на медали на Европското првенство во Софија. Тој најави и гостување во емисијата „На маса со апостолот“ на Радио телевизија на Србија.
По повод неговата најавена оставка, тој на социјалните мрежи изјави дека за него била најголема чест да служи како претседател на Србија. Додаде дека се обидел да направи сѐ што може за да ја оправда довербата што му е укажана и дека верно и лојално ѝ служел на својата земја.
Откако Вучиќ ќе поднесе оставка на претседателската функција, како вршител на должноста ќе го наследи претседателката на распуштеното Собрание на Србија, Ана Брнабиќ. Според Уставот на Србија, претседателските избори мора да се одржат во рок од три месеци од денот на поднесувањето на неговата оставка.

