Протестен марш за поддршка на осудените водачи на Ослободителната војска на Косово се одржа денеска во Скопје.
На собирот што се одржа пред споменикот „Скендербег“ можеа да се видат само албански знамиња и транспаренти со пораки „Слобода“ и „Правда“, а се извикуваше УЧК. Меѓу присутните беа и лидерите на ДУИ и на Албанскиот сојуз, Али Ахмети и Зијадин Села.

На 16 септември, Хашкиот трибунал ги прогласи за виновни Хашим Тачи и Јакуп Красниќи кои се осудени на по 25 години затвор, додека Кадри Весели на 18, а Реџеп Селими на 13 години. Судскиот совет ги прогласи за виновни за повеќе воени злосторства, додека за обвиненијата за злосторства против човештвото беа ослободени. Пресудата е првостепена и може да биде обжалена.

