Британскиот писател Лорд Џефри Арчер почина на 86-годишна возраст , објави Би-Би-Си.
Во текот на својата педесетгодишна писателска кариера, Арчер продал повеќе од 300 милиони примероци од своите книги – вклучувајќи ја серијата „Клифтонски хроники“ и романот „Каин и Авел“ – во кои често го избирал својот роден град Велингтон, Сомерсет, како место на дејствување.
Неговиот издавач, „ХарперКолинс“, изјави дека авторот починал „ненадејно и мирно дома“ во понеделник.
Арчер беше контроверзна личност.
Поранешниот конзервативен пратеник беше затворен за лажно сведочење во 2001 година, откако беше прогласен за виновен за лажење и измама во тужба за клевета што ја покрена против „Дејли стар“ во 1987 година.
Тој беше ослободен во 2003 година и се врати во Домот на лордовите, каде што остана до пензионирањето во 2024 година.
Неговата најнова книга, „Адам и Ева“, треба да излезе оваа недела.

