Хакери во текот на минатата ноќ извршиле кибер напад врз данската технолошка компанија „Данфос“, саботирајќи ги системите за ладење во околу 150 супермаркети во Франција.
Како резултат на тоа, температурата во некои ладилници се искачила на 50 степени Целзиусови, со што храната во нив стана неупотреблива.
Со нападот биле засегнати супермаркети на различни трговски ланци во кои со софтверот за далечинско управување со системите за ладење менаџирала компанијата „Данфос“.
„Исклучително е сериозно тоа што се напаѓа опрема неопходна за снабдување со храна на француското население. Ова е неприфатливо“, објави на социјалните мрежи Доминик Шлешер, диерктор на компанијата „Кооператив У“, кој еден од погодените трговски ланци,
Температури до 50 степени Цекзиусови
Ладилниците во продавниците се опремени со систем за автоматско одмрзнување кој го отстранува мразот наталожен на опремата. Хакерите го префрлиле системот на режим на постојано одмрзнување покачувајќи ја температура на 50 степени Целзиусови.
Покрај големите трговски ланци, можно е да биле погодени и независни продавници, како што се месарниците.
Во продавниците каде што нападот се случил кратко по полноќ, температурите растеле со часови. Како резултат на тоа, морале да бидат фрлени големи количества свежи и замрзнати производи. Продавниците што биле погодени подоцна успеале да спасат дел од залихите.
Штета од милиони евра
Продавница на ланецот „Интермарш“ во францускиот град Агено ги загубила сите залихи на замрзнати производи, при што проценетата штета изнесува околу 50.000 евра.
Дополнително, продавница на „Супер У“ во регионот на Алзас морала да уништи свежи производи, како резултат на што има штета од приближно 220.000 евра.
На ниво на цела Франција, загубите би можеле да достигнат и неколку милиони евра.
Вклучените ланци на супермаркети формираа кризни тимови и соработуваат со специјализирани компании за системи за ладење за повторно да ги стават во функција погодените инсталации.

