Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд не очекува денес според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 11 до 19 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд и повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во деновите од викендот и на почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.

