Три деца и еден наставник се убиени во градот Бенд во американската сојузна држава Орегон, кога 16-годишен локален жител отворил оган во основното училиште „Силвер рејл“, соопшти
Околу 13 часот по локално време (21 часот по средноевропско верме) полицијата добила пријава дека млад човек пукал кон автомобил во близина на училиштето. Кога набргу потоа, полицајците пристигнале на местото напаѓачот веќе бил влезен во училиштето и го извршил нападот.
Тој бил убиен од вооружен случаен минувач, кој, според полиција, го видел како влегува во училиштето, тргнал по него внатре и го застрелал пред да пристигнат полицајците.
Убиените деца се на возраст од 5, 8 и 11 години. При инцидентот се ранети и едно седумгодишно дете и 54-годишен наставник. Тие се здобиле со сериозни повреди и биле пренесени во болница.
Набрзо поголем број локални жители се собраа на местото на инцидентот, носејќи свеќи за да им оддадат почит на жртвите.
„Запрепастени сме и длабоко тажни поради оваа бесмислена трагедија. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата и до сите што се погодени од ова насилство“, изјави Стивен Кук, раководител на локалниот училишен округ.
Тој додаде дека не постојат зборови со кои би се опишала тагата на локалната заедница.
Директорот на ФБИ, Каш Пател, на социјалните мрежи обкави дека Агенцијата ги ангажирала сите свои ресурси за истражување на случајот.

