Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да учествува на трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, додавајќи дека смета оти е време некој друг да преговара во име на Украина.
Како што пренесува Ројтерс, главниот фокус на разговорите – кои би можеле да се одржат следниот месец во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) – би биле нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување.
„Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака средбата да се одржи, јас би учествувал“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа.
Кремљ претходно денеска соопшти дека се разговарало за можноста за средба меѓу тројцата лидери на маргините на претстојниот самит на АПЕК во Кина. Во меѓувреме, „Волстрит џурнал“ претходно објави дека Путин ја покренал идејата за таква средба со цел да се преговара за ставање крај на војната во Украина.
На прашањето дали би бил подготвен да преговара за крај на војната без украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп одговори дека е подготвен да направи сè што може за да го стави крај на конфликтот, без оглед на тоа дали украинскиот лидер е присутен. „Мислам дека е време некој друг да преговара во име на Украина“, рече Трамп, додавајќи дека можеби е време Зеленски да му ја препушти таа улога на некој друг.
Трамп е подготвен за средба со Путин и Си, aма сугерира дека некој друг треба да преговара во име на Украина

