Поранешниот косовски министер Астрит Харација е меѓу приведените во полициската операција во земјата против трговија со дрога со кодно име „Тишина“, спроведена на 14 ноември 2026 година во областа на главниот град Приштина, објави „Газета експрес“.
Улогата на поранешниот министер во случајот што е под истрага е сè уште нејасна.
Адвокатот на Харачија го потврди апсењето на неговиот клиент, велејќи дека тој бил испрашуван од полицијата и задржан 48 часа. Полицијата, исто така, го претресла домот на Харачија, но не пронашла ништо што би го вмешало во кривичното дело за кое е осомничен.
Операцијата „Тишина“ ја спроведе Дирекцијата за истрага на трговија со дрога во соработка со Косовската разузнавачка агенција по долга истрага.
Полицијата соопшти дека за време на операцијата се уапсени шест осомничени, а едно лице е ослободено. За време на рациите, запленети се околу 1,6 килограми кокаин, други количини супстанции за кои се сомнева дека се наркотици, околу 16.000 евра во готово, шест автомобили, накит и оружје. Според полицијата, вкупната вредност на сè е околу 300.000 евра.

