Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд во западните и североисточните делови. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9, а максималната од 15 до 22 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Променливото време ќе се задржи и во следните денови, но температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има утре и во понеделник. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.

