На граничниот премин Ќафасан од денес ќе се применува интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ (едношалтерска гранична контрола).
Со „One Stop Shop“ патниците, возилата и стоката поминат низ заедничка гранична контрола на едно место, наместо да застануваат двапати — на излезната и на влезната страна од границата. Системот е наменет за намалување на гужвите на граничните премини, особено во периоди на засилен сообраќај и патувања.
Ваков модел веќе се применува на граничниот премин Табановце – Прешево“ со соседна Србија.
На пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ на Ќафасан ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски и албанскиот премиер Еди Рама.

