Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во пресрет на Денот на албанската азбука подигна албанско знаме на јарбол во Зајас.
Видеото го споделија неколку медиуми, а е снимено во меморијалниот комплекс „Мајка Албанка“ во Зајас.
На свеченоста било подигнато само албанското знаме, но не и македонското знаме.
Во Македонија, употребата на знамињата на заедниците е регулирана со Законот за употреба на знамињата на заедниците, кој предвидува правила за нивно истакнување, вклучително и случаи кога задолжително се употребуваат заедно со државното знаме.

