Продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 15 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачното време, но температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во четврток и петок повторно ќе има врнежи од дожд.

