Специјалец од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ се повредил во касарната „Илинден“ возејќи мотоцикл. Пренесен е во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата, но без детали под кои околности се случила несреќата.
Во однос на наводите за повреден припадник на единицата, известуваме дека на 19.11.2026 г. во 14:45 часот пријавено е дека припадник на САЕ „Тигар“ се повредил при управување со мотоцикл во касарната „Илинден“. Истиот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ „Мајка Тереза“ за укажување помош. Извршен е увид и известен е јавен обвинител“, информира МВР.

