Нова студија потврдува дека сепак т.н. машки грип не е клише или урбана легенда, туку вистинска биолошка појава. Истражувањето спроведено на Универзитетот „Мекмастер“ откри дека машкиот имунолошки систем реагира многу поагресивно на акутните вирусни инфекции што доведува до сериозни симптоми и опасни здравствени компликации.
Тим од Универзитетот ги набљудувал реакциите од вирусите како Ковид 19 и вирусот Западен нил.
Во текот на ескпериметот откриено е дека машките глувци се значително поподложни на тешки неуролошки компликации кои вклучуваат слабост и парализа.
Биолошка основа и имуни одговор
Првобитната претпоставка на тимот научници била дека мажјаците биле изложени на поголема количина на вирусот кој го напаѓа организмот, но констатирано е дека вирусното оптоварување во крвта и мозокот било потполно идентично кај двата пола. Разликата во тежината на крвната слика произлегла исклучиво од начинот на кој машкиот имунолошки систем реагира на инфекции.
Тие беа генетски речиси идентични, на иста возраст и заразени од истиот вирус, од истото шишенце и во еднакви количини. Немаше никаква логика да постои толку голема разлика во начинот на кој се манифестираше болеста. Во оваа област се повеќе се проифаќа ставор дека исходите од акутните вирусни инфекции обично се разликуваат кај машките и женските единки, посочува професорот Али Ашкат, главен истражувач на студијата.

