Поради спуштање на ладна воздушна маса врнежите од дожд на повисоките места ќе бидат комбинирани со снег, а на планините ќе врне снег. Ќе дува силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h. Претпладне ветерот ќе биде од западен правец, а веќе попладне од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно ќе има врнежи,а температурите ќе бидат во опаѓање.

